Гитарски учител секогаш покрај тебе!
Научи да свириш гитара со онлајн курсеви, водени чекор по чекор. Добиј пристап до нашата поддржувачка заедница и учи во свое темпо – од каде било, во било кое време.
Онлајн часови по гитара за секого!
Gitara.mk е најголемата македонска онлајн платформа за едукација по модерна гитара. Познати сме по нашите висококвалитетни видео лекции, поддржувачката заедница, и нашите инструктори со искуство од сцена и студио.
На gitara.mk, ги носиме најдобрите гитаристи и едукатори директно до тебе, каде и да се наоѓаш. Преку внимателно осмислени курсеви, инспиративни изведби, персонализирани совети, прашања и одговори во живо, и целосен пристап до активна музичка заедница – учиш и се развиваш на светско ниво, но на македонски јазик.
Замисли илјадници песни за свирење, ексклузивни вежби за учење композиции, и десетици видеа и формати во стил на Netflix – сè креирано за да те едуцира и инспирира.
Со нашите курсеви за основна, напредна и виртуозна гитара добиваш се што ти треба за да научиш гитара на едно место!
Тоа е gitara.mk!
ДАВИД НЕШКОСКИ
професор по гитара
Релаксирано и забавно
Од почетник до виртуоз!
Давид Нешкоски е модерен гитарист и професор по гитара последните 10тина години во Македонија. Со стотици ученици како во живо така он-лајн, Давид е еден од најреномираните и најквалитетни професори по модерна гитара во Македонија.
Активно настапува со култните бендови како легендарните Crossroad Blues Band од Прилеп, така и со New Blue Trio, power трио оформено од Давид, Џоле Максимовски и Дино Милосављевиќ.
Давид снима и работи со своите бендови, има издадено 3 соло албуми и продолжува да работи и настапува насекаде низ балканот и Европа. Blues, Rock, Funk стиловите на музика се едни од основните стилови кои ги работи и свири Давид, а со тоа се произведува музика од светски калибар, спремна за извоз на секаде.
Давид е основач и сопственик на приватното музичко училиште Матрикс во Прилеп, каде стотици ученици имаат шанса да се едуцираат и да учат од одлични професори.
Токму тоа е и целта и стилот на предавање кој тука на gitara.mk се работи, квалитетен и професионален Македонски производ спремен за било каде во светот, по светски музички стандарди.
Научи да свириш, на свој начин.
Започни бесплатно со Gitara.mk!
Регистрирај се и добиј го нашиот бесплатен курс!
Видео Лекции
Онлајн лекции за гитара во висок квалитет за секое ниво!
Учи од професионални Музичари
Ментори со децении музичко искуство!
Целосен Пристап
Вклучува лекции за гитара, траки за свирење, совети и насоки!
Најчесто поставувани прашања
Дали добивам бесплатен пристап до сите лекции кога ќе се зачленам?
- Да! Со членството добиваш пристап до сите видеа, програми и дополнителни материјали.
Што е Gitara.mk?
- Gitara.mk е првата онлајн платформа на македонски јазик за учење гитара – за почетници, ентузијасти и идни гитарски херои.
Дали Gitara.mk е добра опција за почетници?
- Апсолутно! Почнуваме од основи – како да држиш гитара, свирење први акорди и лесни песни.
Има ли нешто и за поискусни гитаристи?
- Да. Имаме и напредни програми, вежби за техника, импровизација и песни за вежбање.
Дали сум премногу стар/а за да научам да свирам гитара?
- Никогаш не е доцна! Нашите лекции се направени така што секој може да започне, без разлика на возраста.
Дали ми треба техничко знаење за да ја користам платформата?
- Не! Платформата е едноставна за користење – само кликни на лекцијата и започни со свирење.